Лекувањето со минерални води се нарекува балнеотерапија и се применува кај различни групи пациенти со болести на локомоторен систем: состојби после имплантирана ендопротеза, посттрауматски состојби, артрози, спондилоза, дископатија, ревматоиден артритис, анкилозантен спондилитис, периартрити на рамо, конгенитални луксации на колк, сколиози и други деформитети на рбет, контрактури, млитави парези и парализи, спастични парези и парализи, церебрална парализа, мултипла склероза (без сфинктерни потешкотии) и др. Примена на вежби во вода се нарекува хидрокинезитерапија. Ефектите од дејството на водата со сите нејзини делувања се следни: 1.Намалена болка, намален мускулен тонус,совладани контрактури, подобрена трофика на мускулатура. 2.Брзо враќање на движењето во зглобовите во полн обем. 3.Отпорот на водата создава услови за вежби против отпор и на тој начин доаѓа до подобрување на мускулната снага. Истовремено струењето на водата врши и масажа на ткивата. 4.Хидростатскиот притисок со компресивното дејство на периферните крвни садови подобрува циркулација и срцева работа. 5.Хемискиот состав на водата ги исполнува своите ефекти врз организмот.(аналгетски, антивоспалително, спазмолитично, репаративно и др.). 6.Психотерапевтски ефект, оптимизам ,се поголема ангажираност и соработка од страна на пациентите.