Kатлановска
спа

Рехабилитација кај ревматска треска

      Ревматска треска се вбројува во воспалителни ревматски болести и настанува после инфекција со стрептококна бактерија(бета хемолитички стрептокок од група А) на горните дишни патишта како резултат на токсично ензимско дејство на бактеријата.

     Болеста најчесто се јавува на возраст од 7-15 години,меѓутоа и кај возрасни до 30 годишна возраст. Болеста започнува со висока телесна температура,болки,оток и црвенило во повеќе зглобови.Покрај зглобовите се јавуваат и воспалителни промени на срцето,подкожни нодули и промени во централниот нервен систем.

    Лекувањето се спроведува во стационарни услови и се состои од примена на општ хигиенско диететски режим(мирување до престанок на температура,оток и болки во зглобовите),примена на антистрептококни и антиинфламациски лекови,рехабилитација,едукација и превенција на ревматска треска.

  Програмот на рехабилитација се спроведува во две фази.Во акутна фаза се препорачува мирување и примена на блага мануелна масажа на екстремитетите,вежби дишење и вежби со статички контракции.Во хронична фаза се применува кинезитерапија преку активни вежби,активни вежби со отпор,вежби дишење.Истотака се применува и хидрокинезитерапија која помага во побрзо враќање на целосната функција на зафтените зглобови.

  Во случаеви кога има воспалителни промени на срцето се применува кардиолошка рехабилитација,со дозирано оптоварување во координација и соработка со кардиолог.

 

Д-р Елена Петровска Дробицки

Kатлановска спа
Катланово, 1000 Скопје,
Република Северна Македонија

Медицински услуги и сместување : 02 2581000 / 070302596
Факс: 02 25 81 032
Мејл: contact@katlanovskaspa.com