Kатлановска
спа

Рехабилитација на вродена аномалија на колковите

Вродените исчашувања на колковите претставуваат едни од најчестите аномалии на локомоторниот апарат. Се смета дека најчесто настанува заради фамилијарна предодреденост,заради хормонален дисбаланс на мајката за време на бременоста или заради механички пречки во матката заради што не постои можност за нормален развој на колковите.

Почетниот стадиум на болеста претставува дисплазијата на колковите,а доколку навремено не се дијагностицира и лекува може да се развие во сублуксација и луксација како најтежок облик каде постои потполна дислокација на главата на бутната коска која лежи во меките делови.

Клинички знаци кај вродената аномалија на колкот кои може да се воочат при редовни ортопедски прегледи на новороденчињата кои се од исклучително значење се следните:

-скратување на ногата

-асиметрија на глутеалната регија

-хипотрофична мускулатура на надколеницата на исчашената нога

-странично искривување на ‘рбетот

-накривување на едната нога

Лекувањето зависи од времето на поставување на дијагнозата.Со рана дијагноза се овозможува навремена репозиција на колковите а со тоа се обезбедува правилно понатамошно нивно развивање.За таа цел се применуваат специјални ортопедски помагала(т.н.Павликови ременчиња,абдукциски гаќички и др.)Доколку конзервативниот третман не дал задоволувачки резултати се применува хируршка репозиција.

  Од исклучително значење во превенција на настанување на сублуксација и луксација е примената на кинезитерапија.Тие се применуваат веднаш по раѓањето бидејќи придонесуваат за правилен развоја на колковите.Се применуваа пасивни движења  со кои се овозможува правилно центрирање на главата од бутната коска и јакнење на колковата мускулатура со што се постигнува стабилизација на колкот.Се препорачува нивно повеќекратно повторување во текот на денот со времетраење по неколку минути.После нивно изведување бебето се повива со широк повој и се настојува бебето подолго да лежи на стомак со што се постигнува подобра позиција на колковите.Кај поголеми деца се вклучуваат вежби во вода,активни вежби во лежечка позиција  и вежби со лесно оптоварување со помош на возење на велосипед.Бидејќи оштетувањето на колковите влијае и врз ‘рбетниот столб, истовремено  се применуваат вежби за негова корекција.

 

Д-р Елена Петровска Дробицки 

Kатлановска спа
Катланово, 1000 Скопје,
Република Северна Македонија

Медицински услуги и сместување : 02 2581000 / 070302596
Факс: 02 25 81 032
Мејл: contact@katlanovskaspa.com