Kатлановска
спа

Третман на болка во пета

Плантарен фасцитис претставува една од најчестите причини за појава на болка во петата.Овој проблем често се јавува кај атлетичари бидејќи стопалото е изложено на големи напрегања.Петната коска(калканеус) покрај останатите функции служи  и како подлога на која се припојуваат две значително важни анатомски структури, а тоа се Ахиловата тетива и плантарната апонеуроза.Одтаму најчесто болниот синдром на петата потекнува заради промени на овие две структури.

Болките во петата може да се јават заради следниве промени:

-ретрокалканеален бурзитис-воспаление на слузната вреќа измеѓу Ахиловата тетива и калканеусот

-Ахилова тендиноза-воспаление на Ахиловата тетива

-Халунгов синдром-доколку истовремено се присутни и воспаление на слузната вреќа и воспаление на Ахиловата тетива

-Калканеарен апофизитис-воспаление на местото на припој на Ахиловата тетива на калканеусот

 

Доколку станува збор за ретрокалканеален бурзитис кој најчесто се јавува поради пренапрегнатост и напорен тренинг,симптомите се манифестираат со болка во задниот дел на петата,оток и болна осетливост на допир на задната страна на петата.Лечењето се состои во одмор,орална употреба на нестероидни антиинфламаторни лекови.Од физикални агенси се применува криотерапија(апликација на ладно),ултразвучна терапија,интерферентни струи.

 

Доколку станува збор за Ахилов тендинитис,каде што Ахиловата тетива се воспалува после изложување на поќекратни трауми.Главна причина е претренираност,односно претерана позиција на пронација на стапалото,каде што доаѓа до извртување на стопалото кон  внатре и движења на тетивата кои предизвикуваат нејзина иритација а со тоа  и воспаление.

Симптомите и знаците на акутно воспаление се манифестираат како болка по должина на Ахиловата тетива,појава на црвенило над тетивата и при притисок може да се осетат крепитации.Доколку овие симптоми перзистираат подолго време тогаш може да премине во хронично воспаление на тетивата со присуство на болка во тетивата и во мирување посебно наутро и зголемување на болката при одење по скали .

Лекувањето се состои од одмор,апликација на ладно,примена на медикаментозна терапија за намалување на болка и воспалението.Од ортопедски помагала се препорачува примена на специјална влошка со цел растеретување и намалување на напрегањето на Ахиловата тетива,имобилизација со лонгета,примена на кинезиотејпинг.Од физикални агенси се применуваат интерферентни струи,ултразвучна терапија и мануелна масажа.

 

Д-р Елена Петровска Дробицки

Kатлановска спа
Катланово, 1000 Скопје,
Република Северна Македонија

Медицински услуги и сместување : 02 2581000 / 070302596
Факс: 02 25 81 032
Мејл: contact@katlanovskaspa.com