Како најчести стекнати деформитети на градниот кош се јавуваат pectus carinatus и pectur infundibuliforme .
Pectus carinatum или познат како ,,кокошји гради’’ е деформитет кој најчесто настанува како последица на рахитис.Слабоста на ребрата не може да се спротистави на респираторниот притисок на белите дробови и абдоминалниот притисок поради што почнува да се криви.Као резултат на овој деформитет се јавува слаба респираторна функција и чести инфекции заради отежнато проветрување на белите дробови.
Лечењето и терапијата на оваа состојба се состојат од:лечење на основната болест(рахитис),спроведување на вежби дишење,вежби за јакнење на паравертебралната мускулатура и меѓуребрената мускулатура,лежење на стомак и носење на мидер со еластична пелота која врши притисок на градната коска.Во одредени случаеви се применуваат и одредени хируршки техники за отстранување на овој деформитет доколку предходно биле компромитирани фунциите на внатрешните органи.
Pectus infundibuliforme или вдлабнат граден кош е деформација која најверојатно има конгенитално потекло,а за стекнат деформитет сеуште не е прецизно јасна причината за негово настанување.
Лечењето на овој дефект е конзервативно со примена на кинезитерапија со цел јакнење на паравертебралната и меѓуребрената мускулатура,подобрување на белодобниот капацитет,подобрување на постурата и зголемување на белодобната експанзија ,зголемување на еластичноста на ѕидовите на градниот кош.
Доколку респираторната функција е компромитирана се применува опертивен зафат за корекција на овој деформитет.
Д-р Елена Петровска Дробицки