Katlanovska
spa

Балнеотерапија,хидротерапија и хидрокинезитерапија

Балнеотерапија е дисциплина која ги проучува природните лековити фактори.Балнеотерапија е користење на природни лековити фактори во профилакса и во тераписки цели.

Под минерални води се подразбираат води кои имаат повеќе од 1гр/л вода минерални состојќи или температурата е таква што може да се користи во тераписки цели.Тоа се посебен вид на подземни води кои во вид на извори избиваат на површината на земјата,а содржат растворени минерални материи или гасови за кои е утврдено дека имаат тераписко,лековито дејство.

Според геолошкото потекло се делат на јувенилни,вадозни и фосилни.

Јувенилните води потекнуваат од вулканската маса и со одредени тектонски пореметувања ,доаѓа до одвојување на водена пара од самата вулканска маса,која продира кон повисоките слоеви на земја ,се минерализира и избива на површината.

Вадозни води се површински води кои во текот на годината го менуваат својот состав,температура и капацитет на извирање .

Фосилни води доаѓаат од големи длабочини,а по состав се постабилни и потопли.Настануваат од дождови кои шпродираат до длабоки непропусни слоеви и до нив се стига само со бушење.

Минералните води се користат на следните начини:пиење,имерзиона терапија(капење),вагинално испирање,инхалациона терапија.

Капење како најчест начин на примена, подразбира применa на општи бањи,полубањи и локални бањи.Капењето се одвива индивидуално во кади или групно во базени.Најчесто температурата изнесува 30-38 степени.Траењето на капењето е 15-30 минути.Една серија опфаќа 10-20 процедури.

Низ целокупната пишана историја ,болните и страдалниците прибегнувале кон извори ,бањи и базени поради смирувачки,исцелителни и моќни влијанија.Користењето на водите ,топењето во бањи и базени и одморањето на места кои се нарекуваат бањи имало значителна општествена и духовна улога низ цивилизациите.Од средината на 1980-те години со зголемување на познавањата на јавноста во врска со вредноста на рехабилитацијата во вода и воедно подобрена обука на стручните лица започна да се потикнува пошироко искористување на терапиите во вода.
Крајниот исход од многу истажувачки заложби е дека терапијата во вода има значајна основа за базични истражувања со висок квалитет.

Примена на вода во тераписки цели е хидротерапија. Хидрокинезитерапија е спроведување на некои видови на кинезитерапија во вода при што ефектот на водата се комбинира со ефектот на вежбите.

Примената на вежби во вода датира одамна. Предноста од изведување на вежби во вода се состои од;намалено влијание на гравитацијата и тежината на телото (кога мускулите се паретични движењата во вода се изведуваат полесно),пациентот е загреан за време на тренингот,релаксирачко дејство,ја намалува болката предизвикана од мускулен спазам,можно е контролирано и постепено оптоварување на целните мускулни групи,ослабен организам по долготрајна неактивност полесно се активира во вода,можно е постепено растоварување на делови од телото или целото тело(колку телото е повеќе потопено ,растоварувањето е поголемо),хемискиот состав на водата исто така има дополнително поволно дејство.

          Ефекти на хидрокинезитерапијата се:прогресивно јакнење на мускулната снага,подобрена координација,подобрени движења на одделни мускули и мускулни групи,подобрување на рамнотежата во стоечка и седечка положба,вршење на обука за одење,спроведување на релаксација,рекреација и вежби пливање.

 Водената средина нуди значајна корист,широка маргина на терапевска безбедност и исплативост во голем број на клинички индикации.Терапијата во вода е научно заснован,корисен пристап за широк спектар на рехабилитациски проблеми,од акутни до хронични    

Katlanovska Spa
Katlanovo, 1000 Skopje,
Republic of North Macedonia

Medical services and accomodation : 02 2581000 / 070302596
Fax: 02 25 81 032
E-mail: contact@katlanovskaspa.com