Katlanovska
spa

Рехабилитација на пациенти со цереброваскуларен инсулт

Цереброваскуларен инсулт настанува заради пореметување на артериската циркулација во мозокот заради крварење,тромбоза,емболија или заради прекин на циркулацијата од други причини. Најчесто се јавува на 60 до 70 годишна возраст,поретко подоцна и со поголема зачестеност кај машката популација.

  Клинички може да се манифестира со одземеност на едната страна на телото од послаб интензитет(хемипареза),одземеност на едната страна на телото со појак интензитет(хемиплегија),одземеност на еден екстремитет или само на долните екстремитети.

  Обележје на хемиплагија е губење на волевите движења на едната страна на телото придружено  со спастична одземеност,млитава одземеност или двете.Настанува заради лезија на горен моторен неврон во мозокот или во горните сегменти на ’рбетниот мозок.

 Медицинската рехабилитација се состои од следните мерки:нега,функционално оспособување,кинезитерапија,електротерапија,термотерапија,работна терапија,грижа за психичката состојба на пациентот.

Во почетната млитава фаза од болеста од исклучителна важност е одржување на позицијата на пациентот во кревет.Посебно внимание потребно е да се посвети на превенција од појава на декубитуси што се постигнува со често менување на положбата во креветот,да не се дозволува лежење на болната страна,спроведување на масажа ,одржување на хигиената,контрола на функцијата на сфинктерите.

    Уште во почетниот стадиум треба да се започне со вертикализација на болниот и што порано да се вежба седечката позиција .Класичниот образец на кинезитерапија подразбира спречување на појава на контрактури,што во првата фаза се обезбедува преку примена на пасивни движења, а подоцна потпогнати вежби и конечно изведување на активни волеви движења.Потребно е да се спроведуваат вежби рамнотежа во седечка позиција,подоцна во стоечка позиција и конечно одкако ќе се совладаат се преминува кон воспоставување на функцијата на од.Вежбите одење се спровеуваат во соба,покрај ивицата на креветот,во сала за вежбање во разбој и покрај разбој.Бидејќи е нарушена кинестетската информација за положбата  на телото во просторот се вежба  пред огледало со цел визуелна контрола.При одење доколку постои одземеност на раката потребно е користење на митела за да се спречи сублуксација на рамото.Кај долните екстремитети посебно се работи на јакнење на основниот мускулен ланец кој служи како стабилизатор на исправениот став. Од исклучителна важност кај овие пациенти е примената на работна терапија  која има големо значење во припрема и обука за обавување на активностите од секојдневниот живот,подобрување на координацијата и воопшто фунцијата на горните екстремитети.

Katlanovska Spa
Katlanovo, 1000 Skopje,
Republic of North Macedonia

Medical services and accomodation : 02 2581000 / 070302596
Fax: 02 25 81 032
E-mail: contact@katlanovskaspa.com