Kатлановска
медицински
центар

Катлановска Спа е модерен и современ спа центар кој располага со голем базен со термоминерална вода,приватен базен со термоминерална вода, индивидуални кади со термоминерална вода, финска сауна, кислородна спа капсула.

Во Спа центарот се изведуваат релакс масажа на тело, рачна лимфна дренажа, кралска масажа, медицинска масажа, пилинг со катлановска спа минерали и разни третмани на тело и лице со високо квалитетна професионална козметика. Термоминералната вода според својот состав е вистински светски раритет. Таа е со висок процент на минерали и е една од најлековитите води на Балканот, во Европа и Светот

Чудотворната катлановска вода низ вековите го крепела здравјето и убавината на римските патриции, византиските императори и турските паши. Врз таа традиција ја создадовме новата Катланавска бања: модерен спа и велнес центар. Напуштете го градот на неколку часа. Заборавете ги обврските и стресот на секојдневието. Пронајдете го повторно вашиот мир надвор од урбаниот хаос. Дојдете да се почуствувате опуштено и да ги препородите вашето здравје и убавина. Уживајте во најсовремените методи кои ви ги нуди Катлановска бања. Вие заслужувате кралски третман.

...

Kатлановска спа
Катланово, 1000 Скопје,
Република Северна Македонија

Спа центар : 02 2581002 / 076298092
Факс: 02 25 81 032
Мејл: contact@katlanovskaspa.com