За сонцето, водата и повторно раѓање
Пролетта, 540 година
Кога верниот генерал Белисариус се доближи до Катланово немаше големи очекувања. “Чумата не бира ни по род, ни по заслуга”-се обеспокојуваше. Кога пред три месеци го остави својот цар Јустинијан Први во бањата, тој беше половина поминат на другата страна. Ноќта кога го викнаа во Царската палата, тој за прв пат го виде царот како човек.
Патот кој верниот Белисариус двапати го врвеше не беше кус. Но тој не беше ништо во споредба со тоа колку долга му се чинеше патеката од мостот на Пчиња до дрвената крепост на бањата.
Со симнат шлем и подготвен в раце да го земе најтешкиот товар,царската круна која требаше да ја врати во Константинопол, Белисариус застана пред двокрилната порта. Кога тешките балвани мрднаа, утринското сонце се проби од другата страна и удри силно во неговото лице. Како што се ширеа портите, така се ширеше вербата на Белисариус во зборовите на Јустинијан Први:
“Катланово е котелот каде сонцето се раѓа. Ако нешто може да ме излечи, тогаш тоа е таму, помеѓу сонцето и водата”.