Масажата со вулкански камења претставува техника каде се употребуваат мазни базалтни камења кои настануваат со брзо ладење на лавата на површината на Земјата.Благодарение на ова,овие камења имаат особина да ја задржат топлината подолго време.
Масажата со топли камења,не претставува едноставно лизгање на камењата по површината на телото,туку со соодветен ефективен притисок врз ткивата и мускулите ,според индивидуалното чувство и желбата на клиентот да се постигне подобрување на тонусот на мускулатурата,намалување на нивната напнатост и зголемување на еластичноста на кожата. Оваа техника е во директна согласност со желбата на клиентот во однос на јачината на притисокот на камењата врз телото,која може да биде лесна,средна или подлабока и веднаш се прилагодува на моменталното барање на клиентот.
Топлината на камењата ги релаксира мускулите,го зголемува крвниот проток во регионот каде се врши масажата ,со што предизвикува зголемување на процесот на регенерација и заздравување на ткивата.Ова зголемување на циркулацијата и релаксација на мускулите допринесува за постигнување на менталната релаксација и смирување на нервниот систем.Менталната релаксација е клучот на оваа масажа која се постигнува со притисокот кој терапевтот го предизвикува врз длабоката мускулатура. Со еден збор оваа масажа делува во ребалансирање на телото и умот. Се препорачува кај болка во грбот,артритична болка,стрес и вознемиреност,депресија и несоница.
Заради ефекотт на затоплување на кожата и мускулите не се препорачува кај следните состојби :
- нарушување на коагулацијата на крвта
-воспалителни состојби на кожата
-отворени рани
-после хируршки интервенции или хемотерапија
-бременост
Д-р Елена Петровска Дробицки