Примена на ласерот во медицината ,односно неговото биолошко дејство зависи од брановата должина и енергијата со која се применува.Според тоа ласерите се делат на :
1.Ласери со коагулирачко дејство
2.Хируршки ласери
3.Тераписки или биостимулативни ласери.
Последната група наоѓаат примена во физикалната медицина бидејќи на ткивата делуваат тераписки и биостимулативно.Тоа дејство се јавува пред се во ткивата кои ги апсорбирале ласерските зраци.Тие делуваат на забрзана регенерација на оштетените и заболените ткива и воедно делуваат на намалување на болката и отокот и имаат антивоспалително влијание.При исполнување на нивното биостимулативно дејство имаат минимално топлотно дејство.
Ласеротерапијата наоѓа примена во лекување на следните состојби:
-Дегенеративни заболувања на зглобовите
-трауматски лезии и професионални заболувања на локомоторниот апарат
-заболувања на нервниот систем,како воспалителни процеси на периферните нерви,вирусни воспаленија(херпес зостер) и состојби после трауматски повреди на нервите
-примена кај кожни заболувања,како отворени рани,декубити,херпес симплекс
Контраиндикации за примена на ласеротерапија се :тумори,крварења,покачена телесна тежина,заразни болести,во предел на зони на раст на коските кај деца,за време на бременост,кај пациенти со декомпензирано срце и бели дробови.
Д-р Елена Петровска Дробицки