Kатлановска
спа

Рехабилитационен третман на коскени скршеници

Друштво за физикална медицина и специјализирана медицинска рехабилитација КАТЛАНОВСКА БАЊА

Фрактура претставува делумно или потполно прекинување на континуитетот на коската.Најчесто настанува под дејство на надворешна сила, при што коската се крши на два или повеќе фрагменти. Според причината која довела до нивна појава   фрактурите се делат на трауматски(под дејство на директна или индиректна сила) , патолошки(без дејство на надворешна сила,заради патолошки промени во самата коска) и стрес фрактури(поради засебни,повторувачки оптеретувања на коската кои засебно не може да предизвикаат скршеница)

Клиничката слика кај една скршеница зависи од тоа дали скршеницата е потполна(целосна) или делумна.Заздравувањето на коските е бавен и продолжен процес кој започнува од моментот на настанување на скршеницата и трае до целосното соединување на коскените фрагменти и зависи од возраста на болниот,видот и карактерот на фрактурата и индивидуалната способност.

Лекувањето се спроведува на два начини конзервативно или оперативно. Примарно е потребно да се постигне репозиција и одржување на добра позиција на фрагментите, што се постигнува со гипсена имобилизација.Доколку тоа не е успешно се применува оперативно решавање на скршеницата.

Примена на физикални агенски кај скршеници се одвива во две фази:фаза на имобилизација и фаза после имобилизација.Во првата фаза целта да се превенира појава на вкочанетост во зглобовите,циркулаторни пречки,респираторни компликации,атрофија на мускулатурата. Оправдана е примена на кинезитерапија со изведување на статички контракции со цел одржување на мускулната снага и тонус,примена на електростимулации за зголемување на контрактилноста на мускулите,интерферентни струи и магнетотерапија.Со електротерапија се делува врз стимулација на создавање на калус,антиедематозно,аналгетски и во зависност од предходниот третман на фрактурата се врши избор на физикални агенси.

Во подоцнежниот стадиум,по вадењето на имобилизацијата следува активна фаза на рехабилитација преку активен третман на целото тело за да се спречи појава на атрофија на мускулатурата,вкочанетост во афектираниот зглоб,стимулирање на создавање на нова коска,подобрување и зголемување на обемот на движење.Покрај кинезитерапија се воведува хидрокинезитерапија,односно изведување на вежби во вода,хидротерапија со подводна масажа,електротерапија и работна терапија.Во лекувањето по потреба се применуваат и различни ортопедски помагала како што се патерици,одалка и различни видови на ортози.

 

Д-р Елена Петровска Дробицки

Kатлановска спа
Катланово, 1000 Скопје,
Република Северна Македонија

Медицински услуги и сместување : 02 2581000 / 070302596
Факс: 02 25 81 032
Мејл: contact@katlanovskaspa.com