Kатлановска
спа

Масажа со топли перничиња Pindasweda

 Масажата со топли перничиња е старо-источна техника која се користела во Тајланд многу векови наназад со цел ослободување од стрес,намалување на грбната болка,ослободување на вкочанетоста и болката во мускулите.

Pindasweda e високо ефективна метода особено наменета за ревитализација на целото тело.

   Во оваа техника се користат памучни вреќички во кои се истура микстура на тревки и така се затоплуваат и се аплицираат на одредени подрачја на телото со нежни кружни движења.

   Ефектот од оваа техника е следниот:

-го ослободува телото од токсини

-ја намалува инфламацијата во ткивата

-поттикнува релаксација,чувство на смиреност и ја зголемува енергијата и внатрешната рамнотежа

-ја тонира и подмладува кожата

  Се препорачува кај следните состојби:

-мускулна напнатост и мускулни болки

-остеоартритис

-несоница

-депресија

-состојби после преживеан мозочен или срцев удар

-хронични состојби на синусите

 

Д-р Елена Петровска Дробицки

Kатлановска спа
Катланово, 1000 Скопје,
Република Северна Македонија

Медицински услуги и сместување : 02 2581000 / 070302596
Факс: 02 25 81 032
Мејл: contact@katlanovskaspa.com