Новогодишна пакет програма 2013

Завиткајте ги вашето тело и лице во суптилен и светкав вел со новогодишните пакети 1.Третман за природна елиминација на токсини и прочистување.Детоксифицирана,вашата кожа е цврста и балансирана. Вклучува третман за детоксификација на лице,кислородна спа капсула. Цена 600 денари (1 ч.) 2.Третман за регенерација,хидратација и интензивно снабдување на кожата со кислород.Идеален третман за сатенско чувство на вашата кожа. Вклучува антистрес третман на лице, триесет минутна антистрес масажа. Цена 1500 денари (1 ч.30 мин.) 3.Третман кој е комбинација од микроелементи и кафени алги за реминерализација и тонирање на кожата.Ја обновува енергијата и го подобрува расположението.Вклучува купка со морска сол и алги и пакување со морски алги. Цена 1800 денари (1 ч.30 мин.) 4.Третман за подмладувачка нега со проверената сила на грозјето.Сетилна терапија која вклучува целосна винотерапија на тело и лице. Цена 1800 денари (1 ч.30 мин.) 5.Мед и млеко,мека обвивка завашето лице и тело. Цена 1500 денари ( 1 ч. 30 мин.) 6.Третман кој ја враќа еластичноста и цврстината на вашата кожа.Нежно милување со производите на Талго козметика.Вклучува биолошки третман на лице,масажа на грб. Цена 1500 денари (1 ч.30 мин.)


Повеќе информации


Десет дневни пакет програми за слабеење

Десет дневни пакет програми за слабеење Пакет 1. Body wrap(брзоефективен и најдобар третман кој делува на секој вид целулит и стрии и со него се постигнува совршено мазнење на фигурата) Антицелулитна масажа со лимфна дренажа на нозе и стомак Третман за слабеење со кислородна спа капсула Цена 19500 денари Пакет 2 Антицелулитен третман со ултра звук и електростимулации Кислородна спа капсула и сауна наизменично Антицелулитна масажа со лимфна дренажа на нозе и стомак Цена 7500 денари Пакет 3 Пакување со морски алги(одличен антицелулитен третман,богат со витамини и минерали кој ја регенерира кожата) Кислородна капсула и сауна наизменично Антицелулитна масажа со лимфна дренажа на нозе и стомак Цена 12000 денари


Повеќе информации

ЗА СОНЦЕТО, ВОДАТА И ПОВТОРНОТО РАЃАЊЕ




Пролетта, 540 година

Кога верниот генерал Белисариус се доближи до Катланово немаше големи очекувања. “Чумата не бира ни по род, ни по заслуга” - се обеспокојуваше. Кога пред три месеци го остави својот цар Јустинијан Први во бањата, тој беше половина поминат на другата страна. ...Ноќта кога го викнаа во Царската палата, тој за прв пат го виде царот како човек. Потемнет во очите и усните, токму како што тоа можеше да се види и кај болните во најсиромашните маала на Константинопол, царот му даде знак да пријде. “Однеси ме дома” - му шепнаа посивените усни - Ако можам да закрепнам, можам единствено во Македонија”...

Патот кој верниот Белисариус двапати го врвеше не беше кус. Но тој не беше ништо во споредба со тоа колку долга му се чинеше патеката од мостот на Пчиња до дрвената крепост на бањата. Со симнат шлем и подготвен в раце да го земе најтешкиот товар, цар- ската круна која требаше да ја врати во Константинопол, Белисариус застана пред двокрилната порта. Кога тешките балвани мрднаа, утринското сонце се проби од другата страна и удри силно во неговото лице. Како што се ширеа портите, така се ширеше вербата на Белисариус во зборовите на Јустинијан Први: “Катланово е котелот каде сонцето се раѓа. Ако нешто може да ме излечи, тогаш тоа е таму, помеѓу сонцето и водата”. Таму, низ карпата, земјата и дрвјата кои се топеа под утринските зраци, низ испарувањата на водата во која вриеше карпата и карпата во која вриеше водата, го здогледа во целиот сјај и беспрекорна мажественост својот господар. Flavius Petrus Sabbatius Justinianus или Јустинијан Први, стоеше пред него со раширени раце и насмевка која велеше “Ти реков!”.

















© Katlanovska Spa 2008