Kатлановска
спа

Физикална медицина и рехабилитации

Примена на електрична енергија во цели на лекување се нарекува електротерапија. Постојат различни видови на електротерапија кои се ординираат од страна доктор,специјалист по физикална медицина и рехабилитација според различни индикации и дијагнози. Во Катлановска Бања се применуваат следните: - Интерферентни струи - Дијадинамски струи - Тенс - Галванотерапија

Примена на ултразвучна терапија има повеќекратно дејство врз човековиот организам. Делува на зголемување на локалната циркулација,намалување на отокот во ткивата, зголемен екстензибилитет на колагенските влакна. Делува аналгетски и ја забрзува репарацијата на ткивата.

Примена на магнетно поле во лекување се нарекува магнетотерапија. Таа има низа тераписки ефекти врз човековото тело: го подобрува протокот на артериска и венска крв, ги активира остеобластите, хондобластите и фибробластите, ја подобрува оксигенацијата и метаболизмот во ткивата, делува аналгетски, ги стимулира ендокрините функции, го подбрува имунитетот на организмот, стимулира создавање на калус.

Парафинотерапијата претставува еден вид на термотераписка физикална процедура. Во тераписки цели се користи прочистен медицински парафин , на кој може при топењето да му се додаде и парафинско масло во однос 7:1 со цел да му се подобри еластичноста и хомогеноста.Се топи на температура од 45 до 52° Ц,а се применува загреан на температура од 52 до 60° Ц ,во зависност од регијата на која се применува. Во тераписки цели се применува кај повеќе состојби:контрактура на зглобови, после контузии, дисторзии, луксации, артроза , спондилоза, анкилозантен спондилит, периартрит, миофиброзит, радикулопатии, невропатии , лузни после изгореници, келоиди и др.

Фототерапија претставува лекување со помош на дејството на светлосната енергија врз човековиот организам -Ласеротерапија Примена на ласерот во медицината ,односно неговото биолошко дејство зависи од брановата должина и енергијата со која се применува Ласерските зраци делуваат на забрзана регенерација на оштетените и заболените ткива и воедно делуваат на намалување на болката и отокот и имаат антивоспалително влијание.При исполнување на нивното биостимулативно дејство имаат минимално топлотно дејство. Ласеротерапијата наоѓа примена во лекување на следните состојби: -Дегенеративни заболувања на зглобовите -трауматски лезии и професионални заболувања на локомоторниот апарат -заболувања на нервниот систем,како воспалителни процеси на периферните нерви,вирусни воспаленија(херпес зостер) и состојби после трауматски повреди на нервите -примена кај кожни заболувања,како отворени рани,декубити,херпес симплекс

Покрај сонцето кој е природен извор на инфрацрвени зраци,во физикалната терапија се користи инфрацрвената лампа.Индикации за нејзина примена се воспаление на синуси,болка во мускули,дегенеративен ревматизам и многу други.Ефектот од овој тип на терапија е подобрена циркулација и намалување на хронична болка.

Мануелната масажа претставува примена на специфични движења на рацете на терапевтот на телотот на пациентот.Мануелната масажа може да биде тераписка-медицинска масажа(лимфна дренажа и рефлексна масажа) ,спортска масажа и релаксирачка масажа.

Кинезиотејпинг претставува рехабилитациона техника со апликација на специјални кинезио траки врз заболената регија.Тоа е метода која е создадена за да го подржи природниот процес на заздравување на човечкото тело со обезбедување на подршка и стабилност на мускулите и зглобовите ,притоа без ограничување на опсегот на движење на истите. *Безбедна метода за сите возрасти,од педијатриската до геријатриската. *Лентите не содржат латекс и може да се носат повеќе денови(по нивното отстранување се прави пауза од два дена,а потоа може повторно да се аплицираат нови) *Кинезиотејпингот успешно третира различни состојби од областа на ортопедијата,трауматологијата,неуромускулни ,невролошки и други медицински состојби. *Со делување на различни рецептори,кинезиотејпингот ја намалува болката и ја зголемува лимфната дренажа со микроскопско подигнување на кожата во регијата во која што се аплицира *Може да се аплицира на стотици начини и има способност да ја намали болката,отокот и воспалението,да превенира настанување на повреди кај лица кои се бават со спорт,ја подобрува циркулацијата и го забрзува процесот на заздравување. *Кинезиотејпингот може да се користи во комбинација со други рехабилитациони техники како хидротерапија,електро-терапија,криотерапија,акупунктура,мануелна терапија. *отстранувањето на траките треба да се врши според инструкциите на сертифицираното медицинско лице кое што ја извршило апликацијата на лентите.

Криотерапија претставува користење на ладна диферентна зона(ладни облоги) во тераписки цели.Таа делува аналгетски,со намалување на надразливоста на нервните завршетоци и го намалува отокот.Се применува кај мускулен спазам по свежи повреди,оток кај повреди и воспаленија

Работна терапија претставува примена на дозирана и контролирана употреба на одредени постапки за забрзано враќање на функционалната и работната способност на повредениот екстремитет.Посебно значење има за воспоставување на координација и моторна функција кај шаката,преку примена на одредени повторувачки задачи и движења.

Лекувањето со минерални води се нарекува балнеотерапија и се применува кај различни групи пациенти со болести на локомоторен систем: состојби после имплантирана ендопротеза, посттрауматски состојби, артрози, спондилоза, дископатија, ревматоиден артритис, анкилозантен спондилитис, периартрити на рамо, конгенитални луксации на колк, сколиози и други деформитети на рбет, контрактури, млитави парези и парализи, спастични парези и парализи, церебрална парализа, мултипла склероза (без сфинктерни потешкотии) и др. Примена на вежби во вода се нарекува хидрокинезитерапија. Ефектите од дејството на водата со сите нејзини делувања се следни: 1.Намалена болка, намален мускулен тонус,совладани контрактури, подобрена трофика на мускулатура. 2.Брзо враќање на движењето во зглобовите во полн обем. 3.Отпорот на водата создава услови за вежби против отпор и на тој начин доаѓа до подобрување на мускулната снага. Истовремено струењето на водата врши и масажа на ткивата. 4.Хидростатскиот притисок со компресивното дејство на периферните крвни садови подобрува циркулација и срцева работа. 5.Хемискиот состав на водата ги исполнува своите ефекти врз организмот.(аналгетски, антивоспалително, спазмолитично, репаративно и др.). 6.Психотерапевтски ефект, оптимизам ,се поголема ангажираност и соработка од страна на пациентите.

Кинезитерапија е област од физикалната медицина која се бави преку примена на одредено движење,вежби во тераписки цели и нејзина улога е подобрување на состојбата на локомоторниот апарат,подобрување на обемот на движење во зафатениот екстремитет,спречување на појава на контрактури-вкочанетост на зглобовите,зголемување на мускулната сила.Вежбите во Катлановска Бања ги изведуваат стручни и обучени физиотерапевти.Вежбите можат да бидат - индивидуални,според дијагнозата и состојбата на секој пациент поединечно - групни. Постојат различни видови на вежби:активни вежби,активно потпомогнати,пасивни вежби,вежби со оптоварување,вежби дишење,вежби за рамнотежа и координација,вежби одење

Индикации на лекивање во катлановска бања

Имплантирани ендопротези на колк,колено и рамо Посттрауматски состојби : Фрактури ; Контузии ; Луксации ; дисторзиии спортски повреди на лигаментарен апарат посттрауматски контрактури на зглобови ; Рехабилитација кај дисплазија на колк

Остеоартрит (артрози)-гонартроза, коксартроза, спондилоартроза ; Системаска склероза ; Анкилозантен спондилит ; Лумбална и цервикална спондилоза и дископатија ; Вонзглобен ревматизам (периартрити,епикондилити, ентезити, тендовагинити, бурзити) ; Миофиброзит, мијалгии, хондромалација, алгодистрофија ; Ревматоиден артритис во ремисија

Цервикален и лумбален синдром со радикулопатија (лумбоишијалгија, цервикобрахијалгија) Невралгии и неврити ; Парези и парализи од периферен и централен тип ; Стрес инконтиненција ; Мускулни дистрофии ; Церебрална парализа ; Церебрален инсулт ; Мултиплекс склероза

Рехабилитација по оперирана дискус хернија

Остеопороза ; Дијабетична ангиопатија и невропатија ; Уричен артрит

Сколиоза - Кифоза

Хроничен бронхит - Бронхијална астма - Синузит - Ларингит - Фарингит

Ценовник терапии

Терапија Цени
Специјалистички преглед 1.000,00 ден
Контрола 500,00 ден
Консултација 300,00 ден
Магнет 150,00 ден
Ласер 300,00 ден
Ултразвук 150,00 ден
Дијадинамик 120,00 ден
Интерферентни струи 160,00 ден
Електрофореза 160,00 ден
Електростимулација 180,00 ден
Инфрацрвени зраци 120,00 ден
Парафинотерапија Цени
Парафин 1 регија 120,00 ден
Парафин 2 регии 150,00 ден
Парафин 3 регии” 200,00 ден
Кинезитерапија Цени
Групни вежби 200,00 ден
Индивидуални вежби 290,00 ден
Работна терапија” 100,00 ден
Хидрокинезитерапија 300,00 ден
Мануелна масажа 1 регија, 10 мин. 220,00 ден
Тенс 100,00 ден
Електро Спа 600,00 ден
Втора бања 120,00 ден

ценовник користење на сместувачки капацитети

* За преглед на комплетната табела, користете го лизгачот под табелата за да ја движите кон лево и кон десно

Ценовник Пансионски и здравствени услуги со една бања за Приватен пациент Доплата за сам во двокреветна соба за пациенти и надстандардни услови за пансионски и здравств.услуги со решение од ФЗОМ + партиципација од ФЗОМ Пансионски и здравствени услуги со една бања со спец. упат од матичен лекар и закажан Мој термин Комерцијален гостин без здравствени услуги (ПРИДРУЖНИК НА ПАЦИЕНТ) со вклучен ДДВ Ноќевање за комерцијални гости со појадок и спа услуги со вклучен ДДВ Ноќевање за комерцијални гости со појадок, ручек и вечера и спа услуги со вклучен ДДВ Дневен престој (само користење на соба до 8 часа) со вклучен ДДВ
I Категорија 1.333,00 ден 690,00 ден 1.600,00 ден + партиципација определена од ФЗОМ 999,00 ден 1.190,00 ден по лице 1.690,00 ден за сам во соба 1.490,00 ден по лице 1.990,00 ден за сам во соба 890,00 ден по лице 1.390,00 ден за сам во соба
II Категорија 1.266,00 ден   1.450,00 ден + партиципација определена од ФЗОМ 900,00 ден      
III Категорија 1.133,00 ден   1.350,00 ден + партиципација определена од ФЗОМ 850,00 ден      
IV Категорија 998,00 ден нема доплата 1.150,00 ден + партиципација определена од ФЗОМ 790,00 ден      
V Категорија еднокреветна соба 972,00 ден нема доплата 1.050,00 ден + партиципација определена од ФЗОМ        
двокреветна и трокреветна соба 931,00 ден нема доплата 950,00 ден + партиципација определена од ФЗОМ 730,00 ден      

Kатлановска спа
Катланово, 1000 Скопје,
Република Северна Македонија

Медицински услуги и сместување : 02 2581000 / 070302596
Факс: 02 25 81 032
Мејл: contact@katlanovska-spa.com