Kатлановска
спа

Рехабилитациски постапки кај болни од мултиплекс склероза

Д-р.Елена Петровска-Дробицки,специјалист по физикална медицина и рехабилитација

Друштво за физикална медицина и специјализирана медицинска рехабилитација КАТЛАНОВСКА БАЊА

 

 

      Мултиплекс склероза претставува демиелинизирачка болест на централниот нервен систем чија што етиологија и патогенеза е сеуште до крај неразјаснета.  Заболувањето најчесто започнува во третата или четвртата деценија .Според податоците на Светската Здравствена Организација се смета дека во светот во моментот од оваа болест боледуваат околу 2 милиони луѓе.

  Според некои автори оваа болест во почетокот од нејзиното појавување се смета дека има ремитентен тек, додека во подоцнежниот период се карактеризира со прогресивен и хроничен карактер. Во клиничката слика на оваа болест се јавуваат различни вариетети како делумна или целосна одземеност на истострани екстремитети, одземеност на долни екстремитети,одземеност на сите четири екстремитети,слабост на поедини мускулни групи,нестабилност при одењето,вкочанетост во зглобовите и слично.

  Во процесот на рехабилитација на заболени од мултиплекс склероза постојат спротиставени мислења за корисноста од примената на физикалната медицина и рехабилитација.Едни сметаат дека секој напор ја влошува клиничката слика и функционалната способност, додека други сметаат дека активниот став е далеку пооправдан. Од тие причини и од нашето досегашно искуство сметаме дека активниот став може да делува симптоматски и да го подигне степенот на функционална способност кај овие болни.Во лекувањето  применуваме кинезитерапија и хидрокинезитерапија .Посебен акцент придаваме на работната терапија која има за цел да го обучи пациентот во изведување на активностите од  секојдневниот живот и подобрување на координацијата на движењата.Воедно со тоа се делува и на зголемување на мотивираноста ,стимулирање на интересот ,подобра адаптација кон инвалидитетот и делување на психолошки план во одржувње на стабилноста на личноста.Во лекувањето е потребно да биде вклучено и семејството на пациентот со цел придобивките од спроведувањето на рехабилитацијата добиени во болнички услови да се зачуваат и при заминување дома.Со таа цел потребно е да се спроведат измени и адаптации во самиот дом, со што на болните им се овозможува непречено и олеснето движење.

  Нашите искуства со овие пациенти укажуваат на значајност од завземањето на активен став во лекувањето ,со посебен осврт кон продолжување на лекувањето во домашни услови бидејќи само тогаш ќе се постигне континуитет и одржување на функционалната способност кај овие болни.

Kатлановска спа
Катланово, 1000 Скопје,
Република Северна Македонија

Медицински услуги и сместување : 02 2581000 / 070302596
Факс: 02 25 81 032
Мејл: contact@katlanovska-spa.com