Katlanovska
spa

Масажа со вулкански камења

Масажата со вулкански камења претставува  техника каде се употребуваат мазни базалтни камења кои настануваат со брзо ладење на лавата на површината на Земјата.Благодарение на ова,овие камења имаат особина да ја задржат топлината подолго време.

   Масажата со топли камења,не претставува едноставно лизгање на камењата по површината на телото,туку со соодветен ефективен притисок  врз ткивата и мускулите ,според индивидуалното чувство и желбата на клиентот да се постигне подобрување на тонусот на мускулатурата,намалување на нивната напнатост и зголемување на еластичноста на кожата. Оваа техника е во директна согласност со желбата на клиентот во однос на јачината на притисокот на камењата врз телото,која може да биде лесна,средна или подлабока и веднаш се прилагодува на моменталното барање на клиентот.

  Топлината на камењата ги релаксира мускулите,го зголемува крвниот проток во регионот каде се врши  масажата ,со што предизвикува зголемување на процесот на регенерација и заздравување на ткивата.Ова зголемување на циркулацијата и релаксација на мускулите допринесува за постигнување на  менталната релаксација и смирување на нервниот систем.Менталната релаксација е клучот на оваа масажа која се постигнува со притисокот кој терапевтот го предизвикува врз длабоката мускулатура. Со еден збор оваа масажа делува во ребалансирање на телото и умот.   Се препорачува кај болка во грбот,артритична болка,стрес и вознемиреност,депресија и несоница.

Заради ефекотт на затоплување на кожата и мускулите не се препорачува кај следните состојби :

 

- нарушување на коагулацијата на крвта 

-воспалителни состојби на кожата   

-отворени рани

-после хируршки интервенции или хемотерапија

-бременост                                                                                                                                           

Katlanovska Spa
Katlanovo, 1000 Skopje,
Republic of North Macedonia

Medical services and accomodation : 02 2581000 / 070302596
Fax: 02 25 81 032
E-mail: contact@katlanovskaspa.com