Katlanovska
spa

Третман на болка во крстот

Д-р.Елена Петровска-Дробицки,специјалист по физикална медицина и рехабилитација

Друштво за физикална медицина и специјализирана медицинска рехабилитација КАТЛАНОВСКА БАЊА

    Лумбален болен синдром претставува една од најчестите болни манифестации кај човештвото.Се смета дека 75% од популацијата ги имала овие тегоби во било кој период од животот.

   Етиопатегенезата на лумбалната болка е разноврсна ,а значајно место припаѓа на оштетување на инервертебралниот дискус.Овие промени се манифестираат со болка во слабинскиот дел на ’рбетот.Често оваа болка е придружена со иритативен феномен на надразнување на ишијадичниот нерв и пружање на болката по должина на една или двете нозе истовремено.При клинички преглед постои болна осетливост при допир во оваа регија.Движењата во крстот вообичаено се сочувани и возможни, освен при акутизација на самиот процес при што доаѓа до нивно ограничување.

Во лекување на овој болен синдром покрај медикаментозната терапија ни стојат на располагање примена на различни физикални процедури кои имаат аналгетски ефект и делуваат на намалување на болката во крстот,како што се :интерферентните струи,дијадинамските струи,ултразвук,магнетотерапија или ласер терапија.

Намалување на физичката снага на скелетната мускулатура кај современиот човек,корелира со зглемување на лумбоишијалгичните болни манифестации. Одтука примената на кинезитерапија и хидрокинезитерапија е од исклучително значење со цел јакнење на паравертебралната мускулатура и формирање на мускулен мидер со цел стабилизација на ‘рбетниот столб. Конзервативно и физикално-рехабилитационо лечење треба упорно да се спроведува во сите случаеви,пред донесување на одлучувачко решение за применувње на хируршка интервенција. Како резултат на висок инвалидитет и професионална работна неспособност кај оперираните пациенти,хируршките интервенции треба да бидат сведени на апсолутна индикација и тоа само тогаш кога сите други методи на терапија се без повидок за успех.

Katlanovska Spa
Katlanovo, 1000 Skopje,
Republic of North Macedonia

Medical services and accomodation : 02 2581000 / 070302596
Fax: 02 25 81 032
E-mail: contact@katlanovska-spa.com