Katlanovska
spa

Третман и превенција на остеопороза преку спроведување на кинезитераписки тренинг

Остеопороза претставува коскено системско метаболно прогресивно заболување ,кое се карактеризира со ниска густина на коските ,како и оштетување на микроархитектурата, со што предизивикува зголемена фрагилност  на коските и зголемен ризик за настанување на остеопоротични скршеници. Од остеопороза боледуваат 200 милиони жени ширум светот, а најзастапена е постменопаузалната остеопороза.

   Остеопороза е состојба на намалена коскена маса под границите кои се потребни за одржување на коскената цврстина.Прв знак за нејзина појава е губење на коскената маса и развој на зголемен ризик од појава на фрактури.Најчеста локализација на остеопоротични фрактури се : ’рбетниот столб,фрактури на колкот,фрактури на дисталниот дел на подлактицата,фрактури на ребра и други локализации.

 Постојат повеќе ризик фактори за развој на оваа појава како што се :низок внес на витамин Д,калциум и протеини како резултат   на долготрајни диети и анорексија,пушење,претерано конзумирање на алкохол и кафе,дефицит на естроген,долготрајна имобилизација и недоволна телесна активност и др.

    За спречување на појава на остеопороза од исклучителна важност е интензивно спроведување на превенција,а доколку болеста е веќе манифестирана се започнува со нејзино лекување.Со превенција се започнува уште од самото детство преку исхрана богата со калциум,редовни телесни активности кои допринесуваат во правилен развој на коскеното ткиво.Во зрелата животна доба за да се одржи коскената маса покрај квалитетната исхрана збогатена со калциум,витамина Д и останати хранливи материи , неопходно е редовно вежбање бидејќи тоа ја зголемува коскената маса и го намалува процесот на нејзино пропаѓање, го подобрува држењето на телото ,ги јакне мускулите,коските и срцево-венскиот систем.

Вежбите за превенција и третман на остеопороза имаат  цел да ја јакнат и одржат паравертебралната мускулатура,стомачната и карличната мускулатура,и имаат цел да ги ангажираат мускулите кои се спротиставуваат на земјината тежа.Тоа е важен предуслов за формирање на нова коска,нејзино одржување во оптимално ниво,као и и поттикнување на формирање на коска во фаза на лечење на остеопороза.Меѓутоа напорен физички тренинг може да има и контрапродуктивен ефект, па поради тоа е неопходно да се одреди оптимален план на вежби кој се подготвува индивидуално според возраста и здраствената состојба.Вежби за подобрување на координацијата кај овие пациенти се од исклучителна важност заради намалување на ризикот од пад и појава на скршеници.

Целта на физикалниот третман преку кинезитерапија е да се намалат болките,да се зајакне мускулатурата,да се подобри координацијата,  и да се подобри општата физичка кондиција .

Katlanovska Spa
Katlanovo, 1000 Skopje,
Republic of North Macedonia

Medical services and accomodation : 02 2581000 / 070302596
Fax: 02 25 81 032
E-mail: contact@katlanovskaspa.com