Katlanovska
spa

Рехабилитација при повреда на Ахилова тетива

Ахиловата тетива претставува активен стабилизатор на стопалото.Со нејзина контракција и воедно синхронизирана контракција на мускулите екстензори е овозможено стоењето,а со синхронизирана контракција на мускулите флексори непречено се одвива одењето.

   Повредите на ахиловата тетива можат да бидат отворени ,затворени,потполни или непотполни.Затворените повреди почесто се јавуваат кај мажи во зрела возраст,со поголема предиспозиција кај спортисти или луѓе кои во младоста се бавеле со спорт.Во позрела возраст заради хипотрофични промени и редукција на васкуларизацијата се намалува еластичноста на Ахиловата тетива  и се зголемува можноста за нејзина руптура заради ненадејна контракција на мускулите во задната ложа на подколеницата.

  Отворените повреди на Ахиловата тетива се од различно потекло и не се поврзани со предиспозиција.Тие почесто се придружени со големи исешжченици,повреди на други тетиви и скршеници во подрачјето на подколеницата.Лечењето кај затворениот тип на повреди на Ахиловата тетива зависи од времето измеѓу повредата и пристигнувањето во болница.Доколку тоа е пократко се аплицира гипсена чизма во која ногата се поставува во корективна положба.По вадењето на гипсот се спроведува физикален третман за јакнење на мускулите на подколеницата , но без истегање на тетивата.Кај отворени повреди на Ахиловата тетива или кај постари затворени повреди третманот е хируршки со постоперативна апликација на гипсена лонгета.

  Целта на рехабилитацискиот третман е враќање на полната функционална способност на засегнатиот долен екстремитет и брзо враќање на пациентот кон вообичаените секојдневни активности.После периодот на гипсена имобилизација настанува хипотрофија на мускулатурата на подколеницата и надколеницата и ограничување во движењето на коленовиот и скочниот зглоб.Затоа во време на имобилизација потребно е спроведување на вежби со статички контракции за болната и здравата нога,активни вежби на прстите на засегнатата нога.Сето тоа доведува до намалување на отокот и намалување на ризикот од појава на фиброзни промени кои би можеле да доведат до појава на контрактура.По вадењето на имобилизацијата рехабилитацијата е усмерена кон зголемување на обемот на движење во коленовиот и скочниот зглоб,јакнење на мускулатурата и намалување на отокот.Особено поволно дејство имаат вежбите спроведени во вода.Покрај кинезитерапија и хидрокинезитерапија  позитивен ефект,во смисол на побрза регенерација на оштететеното ткиво на Ахиловата тетива се применуваат електротерапија,термотерапија и сонотерапија.

 Резултатот од рехабилитацискиот третман секако зависи и од активната соработка на пациентот и допринесува кон побрзо постигнување на оптимален ефект.

Katlanovska Spa
Katlanovo, 1000 Skopje,
Republic of North Macedonia

Medical services and accomodation : 02 2581000 / 070302596
Fax: 02 25 81 032
E-mail: contact@katlanovskaspa.com