Katlanovska
spa

Рехабилитација на деформитети на граден кош

Како најчести стекнати деформитети на градниот кош се јавуваат pectus carinatus и pectur infundibuliforme .

Pectus  carinatum или познат како ,,кокошји гради’’ е деформитет кој најчесто настанува како последица на рахитис.Слабоста на ребрата не може да се спротистави на респираторниот притисок на белите дробови и абдоминалниот притисок поради што почнува да се криви.Као резултат на овој деформитет се јавува слаба респираторна функција и чести инфекции заради отежнато проветрување на белите дробови.

 Лечењето и терапијата на оваа состојба се состојат од:лечење на основната болест(рахитис),спроведување на вежби дишење,вежби за јакнење на паравертебралната мускулатура и меѓуребрената мускулатура,лежење на стомак и носење на мидер со еластична пелота која врши притисок на градната коска.Во одредени случаеви се применуваат и одредени хируршки техники за отстранување на овој деформитет доколку предходно биле компромитирани фунциите на внатрешните органи.

Pectus infundibuliforme или вдлабнат граден кош е деформација која најверојатно има конгенитално потекло,а за стекнат деформитет сеуште не е прецизно јасна причината за негово настанување.

Лечењето на овој дефект е конзервативно со примена на кинезитерапија со цел јакнење на паравертебралната и меѓуребрената мускулатура,подобрување на белодобниот капацитет,подобрување на постурата и зголемување на белодобната експанзија ,зголемување на еластичноста на ѕидовите на градниот кош.

Доколку респираторната функција е компромитирана  се применува опертивен зафат за корекција на овој деформитет.

Katlanovska Spa
Katlanovo, 1000 Skopje,
Republic of North Macedonia

Medical services and accomodation : 02 2581000 / 070302596
Fax: 02 25 81 032
E-mail: contact@katlanovskaspa.com