Katlanovska
spa

Рехабилитација кај оштетување на фицијалниот нерв

   Лезија на фацијалниот нерв е доста честа патологија која се среќава во невролошките и физијатриските амбуланти.Може да настане заради енцефалитис,во склоп на мултипна склероза или заради оштетување на нервот заради општа инфекција,алергија,интоксикација или траума.Еден посебен и најчест вид на оштетување на фацијалниот нерв е т.н. Белова парализа, за која се смета дека настанува заради едем(оток) на нервот во фацијалниот канал заради алергиска реакција при што изложување на студенило има посебно влијание. Трауматски лезии настануваат при оштетување на нервот при одредени хируршки зафати или при траума на околните коскени структури-фрактури.

  Терапијата најпрво е медикаментозна и тоа антиедематозна која треба да биде применета во адекватни дози и од нејзината благовремена примена зависи и крајниот исход и успех од терапијата.

  Од физички агенси после спроведените иследувања се применува термотерапија,електротерапија преку примена на електрофореза со одредени медикаменти и секако примена на електростимулација.Посебно значење има спроведување на кинезитерапија и т.н.вежби по Кабат кои се применуваат пред огледало.Кинезитерапијата има задача да ја зачува и зголеми еластичноста на меките ткива на лицето,да ги зачува шемите на движење на лицевите мускули,да ја стимулира активноста на паретичните и паралитичните мускули односно да ги ојача ослабените.Задачите на кинезитерапијата се остваруваат преку пасивно истегање на меките ткива,пасивни вежби со волево учество на пациентот,активно потпомогнати вежби,активни вежби,вежби за релаксација и координација.Како вовед во вежбите се применува криотерапија,дразнење на мускулите со четка и нивно истегање.Посебно треба да се нагласи дека префорсиран третман со електростимулација и после опоравувањето на нервот може да предизвика појава на контрактура на мускулатурата.Затоа е неопходна точна дозираност и проценка на времетраењето на лекувањето кое е со различно времетраење во зависност од тежината на оштетувањето.

Katlanovska Spa
Katlanovo, 1000 Skopje,
Republic of North Macedonia

Medical services and accomodation : 02 2581000 / 070302596
Fax: 02 25 81 032
E-mail: contact@katlanovskaspa.com