Katlanovska
spa

Позитивно влијание на физичката активност и нејзино директно влијание врз стимулација на организмот

Многу светски истражувања се насочени кон докажување на влијанието на редовна физичка активност во превенција на појава на болест.

Како научно докажани  дејствија кои ги има редовната физичка активност се следните:

-намалување на ризикот од рана смрт

-намалување на ризикот од појава на коронарна болест

-намалување на ризик од појава на висок крвен притисок

-намалување на ризик од појава на дијабет

-намалување на ризик од појава на карцином на дебело црево при физичка активност од 5 часа неделно

-намалување на појава на рак на дојка и простата

-регулација на телесна тежина и редукција на масни наслаги

-превенција од појава на остеопороза заради подобра минерализација на коските

-намалување на анксиозноста и депресијата

  Според многу истражувања препораката за изведување на физичка активност е таа да се одвива 3 до 5 пати неделно во траење од 20 до 60 минути,со интензитет од 60 до 90 % од максималната срцева фреквенција.

    Денес се смета дека и модифициран физички тренинг кој е со среден интензитет,времетраење од 30 минути и секојдневно повторување е доволен за постигнување на оптимален ефект.

    При повисок степен на физичка активност се обезбедува зголемена издржливост,снага и подвижност на локомоторниот апарат.Планот на тренинг се поставува врз основа на саканата цел.Најчесто тоа е  редукција на телесна тежина и зголемена издржливост на организмот на оптеретување.

     Умерен тренинг во времетраење од 30 минути доведува до успешна редукција на масни наслаги,додека поинтензивна физичка активност доведува до зголемување на аеробната издржливост.За да дојде до зголемување на мускулната маса,потребно е една активност да се повторува најмалку 12 пати.Доколку сакаме да ја зголемиме флексибилноста потребно е да се отстрани локомоторниот дисбаланс и да се отстранат сите структурни пречки кои го оневозможуваат движењето.

  Сите овие препораки за подобрување на општата здравствена состојба би биле залудни доколку покрај редовната физичка активност не се применува и здрава исхрана со цел превенција на болест,пред се артериосклероза.

Katlanovska Spa
Katlanovo, 1000 Skopje,
Republic of North Macedonia

Medical services and accomodation : 02 2581000 / 070302596
Fax: 02 25 81 032
E-mail: contact@katlanovskaspa.com